Давид Нешкоски со бендот како шлаг на затворањето на театарските игри во Прилеп

DSC_0054 Markukule

Заврши 51-то издание на македонскиот театарски фестивал “Војдан Чернодрински” во Прилеп. Зад нас е уште една успешна театарска седмица, која во многу аспекти беше подобро организирана од претходната. Тоа говори дека театарскиот фестивал во Прилеп се негува и од година во година се издигнува на уште повисоко ниво. Прилепската публика имаше можност да ужива во прекрасни изведби на сите учесници, како и можност да ги проследи најновите театарски достигнувања во Македонија.

Синоќа како шлаг на тортата, во центарот за култура “Марко Цепенков” беше одиграна операта “Кармина Бурана” oд Македонската опера и балет, а супер завршетокот го даде Давид Нешкоски со својот бенд.

[Best_Wordpress_Gallery id=”287″ gal_title=”ДавидНешкоски”]




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.