Директорот на клубот, Звездан Терзиќ, очекува Бабунски да ги потврди својот квалитет и талент кој го поседува, и дека веќе во наредната натпреварувачка сезона Звезда сериозно ќе размислува на него.
Македонскиот фудбалски репрезентативец Давид Бабунски и официјално е нов член на белградска Црвена звезда.
Бабунски кој беше дел од фудбалската академија на на Барселона, го раскина договорот со најдобриот каталонски тим и без обештетување пристигна во Белград во редовите на Црвена Звезда, со која потпиша договор до 2018 година.
– Задоволен сум од успешниот крај на овие преговори. Од денеска сум играч на Црвена Звезда и сега ми следи докажување и напорна работа за да се наметнам кај тренерот. Верувам дека ќе уживам во текот на својот престој во Белград и Црвена Звезда, а верува дека и сите навивачи ќе бидат задоволни од моето залагање и моите партии, изјави Бабунски за официјалниот веб страна на Црвена Звезда.
Директорот на клубот, Звездан Терзиќ, очекува Бабунски да ги потврди својот квалитет и талент кој го поседува, и дека веќе во наредната натпреварувачка сезона Звезда сериозно ќе размислува на него.
– Давид ќе биде силен адут за „црвено-белите“ во квалификациите од евро-куповите. Се надевам дека ќе го потврди својот квалитет и талент, изјави Терзиќ.