„Да ја предизвикаме еднаквоста“ е акција на драмската секција од ООУ „Климент Охридски“ – Прилеп, со која се бориме за родова еднаквост. Драмската секција е група од ученици од основно училиште на возраст од шесто до деветто одделение кои заедно со наставничката Јулијана Талеска и сите добронамерници кои сакаат да се вклучат, подготвуваат театарски едночинки и претстави со кои се претставуваат на училишните приредби.
Драмската секција е група од ученици од основно училиште на возраст од шесто до деветто одделение кои заедно со мене и сите добронамерници кои сакаат да се вклучат, подготвуваме театарски едночинки и претстави со кои се претставуваме на училишните приредби.
Во годишната програма на секцијата, меѓу другото, се реализираат два настани кои многу ни се значајни:
–Новогодишна претстава за дечињата од градинките
–Акција која поттикнува и освестува
“Бидејќи сме свесни за силните остатоци на патријархалниот модел и за тоа дека образовниот систем само го поттикнува и одржува, секоја година подготвуваме активност во која се обидуваме да укажеме и освестиме.
Во таа насока оваа година дадовме име на секцијата. Се викаме „Од глата си патиме“ – во чест на Чернодрински, но и во симболичка насока – дека сЕ ни иди од нашите глави. Таму треба да настане преумувањето.
Минатата година направивме едночинка со која се претставивме во наставничката канцеларија и на приредбата посветена за 8 ми Март. Во претставата ги критикувавме погрешните разбирања на жените за празнувањето на празникот. Укажавме дека тој пред сè е празник за кој многу жени во светот дале жртви за рамноправност и дека така треба да се празнува – со борба, со акција за правата!
Оваа година идејата е да се направат фотографии во кои ќе се прикаже непотребната поделеност по бои, обврски, хоби, спортови… да се покаже дека секој може да биде што сака, да работи што сака и што треба и да се носи во онаа боја во која се чувствува пријатно. Полот не треба да биде препрека за тоа што го сакаме!”, вели наставничката Јулијана Талеска.
“Бидејќи сме сведоци уште од најмала возраст, во рамките на наставниот процес дека се прават машко-женски поделби:
Девојчињата играат одбојка, а момчињата фудбал…
Девојчињата носат црвени униформи, а момчињата темно сини…
Девојчињата чистат, а момчињата преместуваат столчиња…
Тоа, така неусетно, го поддржуваме и дечињата го усвојуваат како нешто што е природно и нормално – токму против таа стереотипизација и полова поделба се бориме со оваа акција!!!”, додава Талеска.