Бебето Пенелопа има само два дена и веќе може да се пофали со две преубави фотографии.
Фотографијата на бебето Пенелопа и нејзината 92-годишна прабаба Мили од Вашингтон, ги растопи срцата на илјадници луѓе ширум светот.
Таткото на штотуку роденото девојче, Скот Мартин, е автор на овие фотографии на кои се гледа неговата баба, која е закована во кревет и нејзинато 5-то правнуче.
– Бабата Мили, инаку учителка, ја држела во раце малата Пенелопа цел час. Тој момент на запознавање бил навистина посебен, раскажала сопругата на Скот, Џенифер.
Родителите велат дека Пенелопа е посебно бебе. Прв пат за неа слушнале во март месец, кога сеуште се наоѓала во стомак и имала 14 недели.
На ултразвукот се гледа како удира со рацете. Уверете се и самите:
А.Г.