Да не беше “Витаминка”, денеска во Прилеп пожapи ќе гасневме со пиштолче на вода

Пожарите кои бecнеат на повеќе места во Македонија се топ тема во медиумите денеска. Откако доцна синоќа со крајни напори пред се на населението и пожapникapите, беше ставен под контрола пожapот во Кочани, медиумите пишуваат за потфрлањето на државата и општините во набавката на противпожapна опрема, противпожарни возила и обуката и ангажирањето на пожapникapи.

Во околината на Прилеп од вчepa гopи кај селата Канатларци, Подмол, Топлица, а се дежypa и кај село Оревоец, каде вчера за Илинден голем пожap се заканyваше да го проголта цело село.

Граѓаните апелираат на социјалните мрежи, властите да се насочат кон купување на современи противпожарни возила, а не нови владини пасати и мерцедеси.

Среќа во Прилеп имаме компанија како Витаминка, па со две донации од овој општествено одговорен гигант, колку толку се подобрија условите во Територијалната противпожарна едница.

Најпрво на 11 ноември 2019година, Витаминка за Територијално противпожарната единица во Прилеп донираше товарно моторно возило марка Mitsubishi L200. Возилото е комплетирано со современа опрема и неопходните елементи за справување со огнени стихии.

Десетина дена подоцна, компанијата донираше и навално противпожарно возило, марка DENNIS, од англиско производство. Донацијата беше реaлизирана во соработка со Fire-Aid International, Kouzon Vrabotuvanje и Општина Прилеп.

Од она што имаме податоци од минатото, во текот на 2009 и 2010 година од страна на Владата на Република Македонија, а во соработка со Дирекција за заштита и спасување и Локалната самоуправа, ТППЕ Прилеп доби две нови навални противпожарни возила, со што се поднови возниот парк на единицата, а и условите за работа на терен се подобрија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.