Да му посакаме среќа: Прилепскиот карвинг виртуоз ќе учествува на најголемиот гастрономски натпревар “Бисер мора” во Хрватска

Тимот на “Гастромак” е подготвен за најголемиот гастрономски натпревар на Медитеранот ,,Бисер мора”, кој ќе се одржи на Брач во Супетар, а натпреварот е во организација на “ШКМЕР”!

Нови предизвици и искуства за судиите Бесим Латифи и Асан Даутовиќ, кои со својата професионалност ќе дадат свој допринос во напредокот на идните готвачи.

Подготвени за натпреварот, полни со елан се и учениците од СОУ “Наум Наумовски-Борче” од Крушево: Ирина Цекуроска, Филип Јованоски и Зорица Смилеска, предводени од нивните ментори, Проф. Оливера Карева-Скола и Проф. Љупче Крстевски, кои исто така се организатори на мастер класовите за македонскиот ајвар и крушевската пита.

Рамо до рамо со светските карвинг експерти ќе се натпреварува и нашиот шеф Влатко Алексоски од Прилеп, а во послужувачките вештини ќе се натпреварува и Виктор Радевски од Комплексот Етно село “Тимчевски”.

Тимот е придружуван од претседателката на Гастромак, Г-ѓа. Адријана Алачки, која ќе оствари повеќе средби со претседателите на асоцијациите на готвачи од балканските земји.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.