Да им посакаме успешни настапи: Две девојки и едно момче ќе го претставуваат Прилеп на “Макфест”

Прилеп оваа година ќе има тројца претставници на најпрестижниот фестивал кај нас, “Макфест”. Честа да се најдат во ова друштво годинава ја имаат младата и талентирана Јана Мрческа и Сергеј Попоски, кои ќе настапат како дебитанти и Александра Трајческа, за која ова ќе биде втор настап.

Песната со која ќе настапи Јана носи наслов “Убава и храбар”, а под насловот е потпишан композиторот Иле Спасев.

Зад песната на Александра која е насловена како “Навика” е потпишан Зоран Алексиќ, a Сергеј ќе настапи со песната “Сите утра”, напишана од Ефтимија Јованова.

Макфест оваа година ќе се одржи на 25. и 26. октомври.

Да им посакаме успешен настап!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.