Ангела Трајкоска Тамара Цветкоска и Елена Дејковска од Боречкиот клуб “7-ми Мај Златна рака” од Прилеп, после завршените подготовки во Косово, денеска отпатуваа за Грција, каде ќе ја претставуваат Македонија на Балканското првенство за пионери и кадети.
Девојките забележаа одлични резултати на натпреварувањата во изминатиот период, а балканскиот собир во соседна Грција ќе биде голем предизвик од кој повторно се очекуваат успеси.
Натпреварувањето ќе се одржи од 4-7 мај.
Им посакуваме многу среќа и да ни се вратат со медали!