Да го спасиме Спасение – на студентот по медицина му е потребна секоја помош!

Студентот по медицина Спасение Анчески од Скопје води борба со акутна миелоидна леукемија и единствена надеж му е лекувањето во Загреб.

Апел за помош за негово лекување упати и гинекологот Ненад Лазаревски, кој во објава на ФБ вели:

-Ја повикувам цела медицинска заедница ИТНО да помогнеме на овој млад иден колега, воедно и апел до цела држава, да се обединиме да се спаси уште еден млад живот. Нашиот студент по медицина Спасение Анчески од Скопје се соочува со најтешката битка – акутна миелоидна леукемија (АМЛ).

Првата хемотерапија која ја прими во Македонија, за жал, не даде посакувани резултати. Поради тоа, потребно е да го продолжи своето лекување во Загреб, каде што има можност за понатамошен третман и поголеми шанси за успешно закрепнување.

Во овој момент, му е неопходна финансиска поддршка. Секој Ваш придонес, без разлика на износот, претставува огромна помош за него и неговото семејство во овие тешки моменти.

Да останеме обединети во хуманоста и да помогнеме таму каде што е најпотребно.

Времето е клучно – потребна е финансиска помош за да продолжи со третманот.
Секој ваш придонес значи чекор поблиску до животот што Спасение го заслужува.
Да бидеме заедно, да подадеме рака и да му дадеме сила!

За младиот студент можете да донирате на платформата ЕCROWD на следниот ЛИНК: ecrowd.mk

Корисниците на ТЕЛЕКОМ можат да донираат по 100 денари со повик на телефонскиот број: 143 191




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.