Да ги оживееме спомените што греат – предновогодишен викенд во Hotel Salida Прилеп

Спомени што греат – моменти исполнети со музика и топла атмосфера што секогаш нè враќаат на најубавите предновогодишни вечери. Вечери кога уживавме во доброто друштво, одличната забава и празничниот дух. Овој викенд, повторно ги оживуваме тие спомени – ве покануваме да бидете дел од магијата, да уживаме заедно во топлата атмосфера, добрата музика и незаборавната забава во Hotel Salida.

Две вечери, две музики, една прекрасна предновогодишна атмосфера!

Во петок (26.12.) Хотел Салида ве кани на маестрална дружба со “Битолски тамбураши” – музика за душа, прекрасна храна и услуга каква што само “Салида” може да пружи, што ви треба повеќе?

Во сабота (27.12.) ќе ве дочекаат со “Прилепски еснаф” и звуците на прилепската староградска песна – одличен музички спој на младост и искуство кој гарантира одлична забава.

Резервирајте навреме на телефонските броеви: 070 390 456 / 048 400 333

Локација: Иво Лола Рибар бб, Прилеп – кај “Могилата на непобедените”

Хотел “Салида” е најдобриот избор за крај на годината!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.