Градоначалникот на општина Кичево, Фатмир Дехари на денешната средба со новинарите истакна дека ја информирал министерката за образование и наука Мила Царовска за можниот бојкотот на наставата во многу училишта во општината особено во руралните дел и дека ќе се солидаризира со советите на родителите доколку дојде до тоа.
-Родителите имаат право да реагираат. Преку писмо ја известив министерката дека можно да имаме бојкот од страна на учениците и советот на родители на некои училишта.
Ние како општина ги информиравме претставниците на Министерството за сите услови што ги исполнуваат нашите училишта особено во руралниот дел, кои ги спровеле сите мерки според протоколите што произлегуваат од релевантните здраствени институции.
Во училиштата во руралниот дел на општината каде немаме интернет со поголем капацитет бројот на ученици е релативно мал, а згора на тоа ги презедовме сите заштитни мерки според протоколот.
Треба да се земе уште писмена изјава од секој родител поединечно дека се сложува со ова и дека сите ќе работат во согласност со здравствените протоколи.
Не треба да се занемари ниту еден аспект кога е во прашање здравјето на сите чинители во образовниот процес и овој факт не треба да се заборави, потенцираше Дехари.