Додека болниците се празни и нема висок број на хоспитализирани и нема смртни случаи кои настанале како последица од ковид-19, нема потреба од воведување на мерки за заштита од ширење на вирусот, вели микробиологот проф. д-р Никола Пановски, кој за „Нова Македонија“ го коментира порастот во дневната статистика на новозаразени од ковид-19 во земјава.
-Мерките требаше да се фокусуираат на ризичните групи на луѓе. Во насока на сугестија да не одат на места и хотели со гужви, да стават маска каде што има потреба, односно каде има поголема концетрација на народ. Возрасните и хронично болните треба да се чуваат и да се вакцинираат. Младите нема потреба да се ограничуваат, зашто најголем дел од нив, веќе неколку пати го има прележано вирусот. Сепак, ќе видиме каква ќе биде состојбата во наредните месеци, посочува Пановски.
Додава дека бројот на позитивни случаи е поголем од тој во официјалните статистики, зашто не се тестираат сите.
-Имаме најмалку по 1.500 случаи на позитивни на дневно ниво. Се тестираат само тие што имаат симптоми и се загрижени за здравјето, додава тој.