ГУСТО ВО ТОРИНО: После Игуаин Јувентус носи ново скапо засилување

LILLE, FRANCE - JULY 01: Radja Nainggolan (C) and Axel Witsel (R) of Belgium react after Wales' second goal during the UEFA EURO 2016 quarter final match between Wales and Belgium at Stade Pierre-Mauroy on July 1, 2016 in Lille, France.  (Photo by Matthias Hangst/Getty Images)

Иако сеуште ништо не е официјално, и покрај тоа што судбината на Пол Погба сеуште не е позната, се поизвесно е дека младиот Французин за астрономски 120 милиони евра, ќе го напушти Јувентус и ќе се пресели во Манчестер Јунајтед.

Јувентус не е познат како клуб кој фрла пари на скапи засилувања, но веќе се согласија да ја исплатат откупната клаузула за Гонзало Игуаин во висина од 94,7 милиони евра, а како што тврди Football Italia, Јуве е на чекор да го доведе во своите редови и Аксел Витсел, играчот на Зенит. Во написите на италијанските спортски медиуми се вели дека Јуве за него би платил 24 милиони евра.
Дека играчот на Зенит е на чекор да ја напушти Русија, вчера потврди и тренерот на клубот кој призна дека примиле три официјални понуди за него. Интер и Евертон се уште заинтересирани за белгиската ѕвезда, но сепак Витсел се одлучил да игра во Лигата на шампиони, па поради тоа го одбрал италијанскиот шампион.

А.Г.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.