Грчкиот остров на југот од Пелопонез – Антикитера, има само 20 жители. Поради се помалиот број на луѓе и фактот дека без нив ќе пропадне, Грците нудат куќа, парче земја и 500 евра за секој што би се доселил.
Морето, скриените пештери кои треба да се откријат, малото село во кое времето е речиси застанато и бујната вегетација која шири мирис на рузмарин и лаванда ќе ви поскаат добредојде.
Во близина е островот Крит до каде се патува со траект за два часа.
Доколку сакате да се исклучите од реалноста, да се почувствувате како надвор од светот, во мир, ова е вистинското место за вас.
На островото постојат само три села во кои доминираат само бели куќи и тесни улички, но тука има и неколку таверни и продавници.
Ништо на Антикитера не е слично со Миконос, Санторини и другите егзотични места, но ова е автентичноста на Грција.
Сепак, и покрај се’, туристите го избегнуваат, а се чини дека и локалното население му го врти грбот на овој остров.
Тука има од 20 до 40 луѓе, ниту едно дете и се’ што се случува се случува во селото Патомос.
Така се родила генијална идеја и започнала кампања за повторно населување на островот. Се бараат луѓе кои сакаат да се преселат на Антикитера и тука да формираат семејство. За тоа Грците нудат обработлива земја и 500 евра месечно за период од три години. Во понудата е дури и бесплатна храна, но неопходно е да се преселите трајно.
Досега 15-тина млади парови се распрашувале за условите.