Грците бараат алиби за високиот пораз кој им претстои: “Ако ФИРОМ настапи со име Македонија ќе го напуштиме теренот”

Maкедонија денеска со почеток од 16:00 часот против Грција во Кожани, ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Европското првенство во Германија 2020 година.

Во пресрет на натпреварот прес-конференција одржаа од грчката ракометна федерација, на која претседателот на федерацијата Костас Гантис меѓу другото кажа:

“Нашата репрезентација беше поразена од светската сила Исланд, а во недела ќе се соочи со уште една светска сила, земја во која ракометот е прв спорт по популарност”.

Со одлука на грчката полиција, натпреварот е со посебен третман, па на трибините ќе бидат присутни ограничен број на фанови. Право да влезат во стадионот каде ќе се игра натпреварод имаат атлетичари од локалните клубови, претставниците од локалната власт, како и луѓе кои се дел од протоколот.

“Се надевам на добар резултат, како на натпреварот, така во организацијата”, посочи Гантис.

Запрашан што ќе се случи ако нашата репрезентација настапи со името Македонија, Гантис одговори:

“Дефинитивно ќе го напуштиме теренот ако такво нешто се случи. Ве уверуваме дека се боревме како спорт, со нашите национални тимови и клубови, бидејќи ние никогаш не сме прифатиле да се бориме на термини кои го надминуваат меѓународното име на соседната земја. Не оставаме ништо на случајности. Да бидам искрен, немаше такви предизвици оваа година на Европското младинско првенство во август во Скопје, и се беше како што треба. Исто така, после жребот во Трондхајм, одржав состанок со претставниците на федерацијата на ФИРОМ и со претседателот на Европската федерација, Г-ин Виндер. Тука добив ветување дека нема да се повторат настаните од Европското младинско првенство во 2017 година”, посочи Гантис на вчерашната прес-конференција.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.