Оперскиот пејач, тенорот Влатко Груевски оваа година ќе ја пее државната химна на свеченото отварање на 1-ви август во Крушево на Гумење. Исто така, тој ќе ја интонира химната и на централната прослава на празникот Илинден на 2-ри август на Мечкин Камен.
Груевски ќе одржи и свој солистички концерт, како дел од концертната сезона „The Art of Power“, насловен „Во чест на Тоше Проески“, концерт кој ќе се одржи на 5-ти август на летната сцена на музејот на НОБ во Крушево, во склоп на НКС Десет Дена Крушевска Република, со почеток во 20 часот.