Груевски на Фејсбук објави доверливи документи на ЦИА

Со наслов „Аргументи во одбрана на Македонците и македонската национална кауза“, поранешниот премиер Никола Груевски, во третиот дел од анализата на одосите помеѓу Македонија и Бугарија, сподели неколку документи од ЦИА, како и цитати, кои јасно го покажуваат односот на соседите во минатото.

“Деновиве уште еднаш ни ја сервираа старата теза дека во Бугарија комунистите правеле „присилна македонизација“ и затоа имало толку Македонци на пописот во првите два пописи по вojната.

Уште поинтересно е што затворањата на поранешните припадници на ВМРО во koмунизмот ги препишуваат на тоа дека не сакале со сила да станат Македонци па затоа ги затворале. Вистината е дека koмунистите во Бугарија ги затворале бидејќи ги сметале за фашисти и „Ванчомихајловисти“.

За тоа колку се грижеле за Македонските комити и востаници, сведочи и изјавата на тогашниот министер Григор Наќевиќ кој во 1903 за бегалците од Македонија изјавил дека ќе пристигнат десетици илјади голтapи и ќе треба да се грижат за нив. Еднаш околу 1905 или 1906, С.Радев го прашал Чакаларов, како му е во Бугарија, а овој му одговорил: ”Во Костурско бев Цар, овде сум обичен бакалин“. Македонците се чувствувале како граѓани од втор ред во Бугарија, но многу од нив немале друг избор.

Факт е дека со прст не мрднале од Софија за време на Илинденското востание. Организацијата го знаела тоа и сепак тргнала во востание. Сарафов во Смилево им рекол на делегатите, помош од Бугарија да не чекаат.

Видовме и дека тврдат дека Ѓорче Петров тајно отворил некои магацини во Софија од каде се изнело opyжје за Илинденското востание и така се наоружале востаниците. За набавката на opyжјето за Илинденското востание постојат експлицитни документи дека ВМРО сама ги купувала. Купувале од браќата Иванови, познати трговци и преку Наум Туфекџиев. Сето тоа го плаќале со пари.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.