Груевски им е ноќна мора: Заев и Шеќеринска бегаат од директен судир со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ?

dfs23

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, синоќа одлучи Конгресот на партијата да се одржи на 6-ти ноември, кога и официјално ќе ги откријат кандидатските листи за престојните парламентарни избори на 11-ти декември.

Но, она што и во изминатите 10 години претставува проблем за опозиционерите, е кандидатот кој треба да му се спротистави на Никола Груевски во првата изборна единица. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, според првичните написи на медиумите од СОРОС, останува ноќна мора и понатаму за првите луѓе на опозицијата Зоран Заев и Радмила Шеќеринска, кои бегаат од директен судир со него.

Па така лидерот на опозицијата своите ветувања за двојазичност, најверојатно ќе ги испроба во шестата изборна единица, а Шеќеринска најверојатно ќе претрпи страшен пораз во петката, имајќи го во предвид фактот дека ВМРО-ДПМНЕ може да остане на Антонио Милошоски како носител во оваа изборна единица.

Останатите кандидати кои се споменуваат се: екс амбасадорот Никола Димитров во двојката, генералниот секретар на СДСМ Оливер Спасовски, ќе се обиде во тројката, каде СДСМ претрпува најубедливи порази,  додека за четворката во игра е прилепчанецот Хари Локвенец,  човекот кој загуби со 10.000 гласа разлика на претходните локални избори за градоначалник од Марјан Ристески во Прилеп.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.