Груевски: Доколку Управниот суд подлегне на притисок и ги потврди незаконските одлуки на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ нема да учествува во прегласувањето и нема да ги признае резултатите

Пред малку заседаваше Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и донесе проглас кој вечерва ќе го прочитам и ќе ги информираме сите чии очи се вперени во одбраната на Македонија, истакна лидерот на партијата Никола Груевски пред насобраниот народ пред седиштето на Државната изборна комисија.

 

nikola-gruevski-3

ДИК донесе незаконски одлуки со цел изигрување на изборната волја на народот. Работата на ДИК се претвори во пародија. Имаме информации за вмешување на странски претставници во нивното работење, а со цел вршење влијание на некој од членовите во правец на постизборен инженеринг. Некои од независните претставници, всушност не се независни.

Повикуваме, додаде Груевски, да не се врши притисок и на Управниот суд, а доколку и тој подлегне и ги потврди незаконските одлуки на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ објавува дека нема да учествува во прегласувањео и нема да ги признае резултатите.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.