ГРЕЕ! Со донација од “КАБЕЛНЕТ” светнаа училниците за второ и третоодделенците во ООУ “Климент Охридски” Прилеп (ФОТО)

-Конечно реализиран проектот за настава со современи услови во нашето училиште. Направени се сите училници за второ и трето одделение. Секој ученик има право да учи во современи и напредни училници, да има квалитетно образование, а воедно да се чувствува како дома – напиша на Фејсбук директорот на ООУ “Климент Охридски”, Ахил Јаков.

Голем број од проектите во ова основно училиште се реализираат со помош од општествено одговорни компании, а овој пат директорот упати благодарност до компанијата КДС Кабелнет, со чија несебична донација се модернизираа овие училници.

Секоја чест!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.