Во текот на вчерашниот ден, градоначалникот на општина Битола Тони Коњановски, секретарот Борче Димитровски и дел од вработените во
општинската администрација, остварија средба со граѓаните на урбаната заедница „Гоце Делчев“, во населбата Стрелиште.
На средбата со граѓаните, кои ги имаше во голем број, им беше претставено сообраќајно-техничкото решение за времен режим на сообраќај
до реализација на трајниот режим на сообраќај, кој ќе следи со комплетната реконструкција на целокупната инфраструктура на ул. „8
Септември“, од кружен тек Дулие до границите со ГУП на Битола.
Сообраќајното решение содржи поставување на помошен импровизиран кружен тек кај бензинската пумпа Лук Оил, со цел граѓаните безбедно да можат да влегуваат и излегуваат од населбата, а истовремено, безбедноста во сообраќајот да биде на повисоко ниво, бидејќи на оваа делница се изведуваат градежни активности.