Преку нашата Фејсбук фан страна ги прашавме граѓаните: “Кој треба да биде нов претседател на Советот на општина Прилеп?”. Деновиве низ градот се шпекулира со повеќе имиња кои треба да го наследат Проданоски на ова столче, а граѓаните ги интересира кој ќе ја преземе оваа втора по важност функција за функционирањето на општината.
Најчестиот одговор на нашето прашање беше името на советничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Ирена Стерјоска, која е долгогодишен функционер во партијата и во два мандати советник во Советот на општината. Поради тоа, но и поради нејзините лични квалитети, граѓаните сметаат дека токму таа ќе биде најсоодветно решение за оваа функција.
Стерјоска беше претседател на Унијата на жени при ОК ВМРО-ДПМНЕ Прилеп, а беше назначена и за заменик градоначалник на општина Прилеп.