Mакедонската телевизија вечерва, во 20 часот, ќе го организира првиот ТВ дуел меѓу претседателот на Владата и лидер на СДСМ, Зоран Заев, и претседателот на најголемата опозициска партија ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
Но додека македонскиот народ е во исчекување на вечерашната дебата на социјалните мрежи се појавија и неколку анкети на кои граѓаните убедливо гласаат за победа на Христијан Мицкоски вечерва.
Освен на Фејсбук, каде Мицкоски води со 93 проценти спроти Заев со само 7 проценти, анкета се појави и на Твитер каде повторно убедливо Мицкоски има поголема предност за победа од Заев.