Граѓаните кои добија социјални станови пресреќни и благодарни на Владата и премиерот

Седумдесет и шест лица од социјално ранливите категории на граѓани од Прилеп и прилепско вчера станаа потенцијални добитници на социјални станови преку јавната распределба.

javna-raspredelba-stanovi-640x427

Прелиминарните добитници на становите не можеа да ги сокријат насмевките, но и солзите од среќа дека конечно ќе имаат покрив над главата. Пред се подобри услови за нивните деца. Истите велат дека се пресреќни, но и благодарни на Владата за овој проект и овозможената шанса за дом.

lica

-Самохран родител на четири малолетни деца сум. Благодарен до министерството, до градоначалникот, до премерот. Живееме под кирија само од додатокот за 4 дете од 11.000 денари, вели Наташа Цикуроска.

-Добитник сум на социјален стан. Благодаран на државата, на премиерот на сите. Пресреќен сум. Сакам да продолжи ова и сите што немаат услови да имаат покрив над главата, вели прилепчанецот Тоне Атанасовски кој со своето четиричлено семејство над 20 години се социјален случај.

-Чувството е прекрасно, уште не можам да поверувам. Самохрана мајка сум на две малолетни деца, живеам кај брат ми. Изненадена сум, уште не ми е верливо, вели Јулијана Дурланова.

За социјални станови во Центарот за социјални работи во Прилеп аплицирале вкупно 232 – ца граѓани од кои валидна документација доставиле 173 лица.

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски потенцираше дека јавна распределба е прелиминарна и не е конечна. Тоа значи дека сите лица кои системот ќе ги исфрли како добитници на социјален стан, не значи дека ќе бидат и конечни добитници на станови.

-Почнувајќи од утре Комисијата составена од вработениво Министерството за транспорт и врски и од Министерството за труд и социјална политика ќе извршат детални контроли на лицата кои се наоѓаат на прелиминарната листа. Кај сите оние каде што фактичката состојба не одговора на приложените докумнети, ќе бидат исфрлени од листата и становите ќе бидат доделени на лица со ист или помал број на бодови доколку тие ги исполнуваат условите пропишани во огласот. По извршената контрола од страна на Комисијата, ќе се утврди конечната листа со добитници на социјални станови, рече Мисајловски.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.