Капитенот Пандев потврди дека по завршување на ова Европско Првенство нема повеќе да настапува за Македонија.
Пандев предмалку на прес конференција соопшти дека утрешниот натпревар на Македонија против Холандија, за него ќе биде последен во репрезентативниот дрес.
Капитенот истакна дека нема подобар начин да се опрости со репрезентацијата, преку натпревар на едно Европско првенство и токму против големата Холандија.
Тој вети дека на утрешниот меч ќе дадат се’ од себе за да ги израдуваат фудбалските фанови.
ТИ БЛАГОДАРИМЕ ЗА СЕ’!