На 21 септември во Домот на АРМ во Скопје, се одржа интернационалниот фестивал “Еврофест”. Фестивалот траеше два дена и имаше своја вечер за македонска поп музика и интернационална вечер.
На фестивалот настапи и прилепчанката Мери Младеновска кој освои Гранд при од стручното жири и беше победник на фестивалот.
Песната со која настапи Мери се вика “Лоша навика”, а музиката и текстот за песната се дело на Томислав Коцевски, додека за аранжманот се погрижи Дејан Миленковски.
Нашата сограѓанка приреди одличен настап и ја дигна целата публика на нозе.
Во продолжение слушнете ја “Лоша навика”:
“Мери моментално има 5 покани да настапува на фестивали надовр од Македонија, а следната година ќе јуришаме на победи на неколку наши фестивали. Ќе спомнеме дека ќе се појави на “Охрид гест”, “Мак Фест” и други. Ќе се снимаат неколку спотови и неколку дуети кои не ги откривам, туку само ќе кажам дека ќе бидат со познати пејаци од Македонија и надвор од нашата земја. Инаку ние и понатаму ја продолжуваме емисијата “Лица и дела” на ТВ Сонце, каде Мери е уредник и водител”, истакна сопругот и менаџер на Мери, Симе Младеноски.