Јавниот градски превоз во Прилеп ги информираше граѓаните дека поради “екстремно високите температури” ќе имале прекин во работата во периодот од 11.00 до 15.00 часот на Линијата 1 и од 11.00 до 16.00 часот на линиите 2 и 3.
“Поради екстремно високите летни температури Јавниот Градски Превоз почнувајќи од 08.07.2019 год (Понеделник) ќе има прекин на линиите во периодот:
Линија 1 од 11.00 до 15.00 часот односно
Линија 2 и 3 од 11.00 до 16.00 часот
Со започнување на полно работно време навремено ќе бидете известени.
Ви благодариме на разбирањето”, пишува во објавата на Фејсбук.