Невpeме проследено со засилен ветер и врнежи од дожд и град вчера го погоди Прилеп
Иако цел ден постојано се слушаше авиончето на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство, кое служи за засејување на облаците со сребрен јодид и заштита од град, сепак, земјоделците кои имаат свои посеви во областа Заград кај населбата Варош во Прилеп, јавуваат дека градот ја погодил нивната тутунарска мака и другите земјоделски култури.
Според фотографиите кои се споделуваат на социјалните мрежи, штетите се огромни, а земјоделците молат за помош од надлежните.
Погледнете: