Додека учениците и нивните родители мака мачат со превозот до училиштата, образовните институции низ градот имаат проблем со греењето во пресрет на грејната сезона, а спортот во Битола е на најниско ниво досега, градончалничката Наташа Петровска „мува не ја лази“, па реши грижите да ги залечи со песна и оро – oбјави порталот “Инфомакс”.
Во еден од познатите битолски локали, во друштво на кој друг, ако не одново пронајдениот естраден уметник Трифун Костовски кој ја водеше забавата, Петровска се фати на оро, ни помалку ни повеќе како ороводец. Веднаш до Петровска се најде и директорот на РЕК Битола Васко Ковачевски.
Жителите на Битола, кои на социјалните мрежи ја објавија снимката, коментираат дека во градот на спротот му се случува катастрофа, а Петровска и Трифун Костовски пејат и се веселат.