Во единствениот град со име на светец во Република Македонија- Свети Николе, почнаа да се поставуваат мали макети на цркви, како спомен за многуте некогашни цркви во Овче Поле.
Според сеќавањата на повозрасните, по доаѓањето на Османлиите сите цркви во градчето биле изгорени, а останала само централната, воедно и најголема црква Свети Никола.
Низ овој мал, но убав град веќе се слуша дека постои можност да се врати и вистинското име – градот на Свети Никола.
Со тоа светиниколчани би оддале достојна почит на предците и Чудотворецот – заштитник на градот.
Во градскиот парк се уште постои споменикот од столбови, изграден пред четириесет години како спомен на многуте цркви во Овчеполието.
На возвишението Свети Илија во самиот град, каде што високо се извишуваат јарболот со знамето на Република Македонија и големиот бел крст, се гради и нова црква, посветена на Света Лидија Македонка.
Според староседелците, во самиот град на Свети Никола шест свети места, каде се наоѓаат или се наоѓале цркви, на мапата отсликуваат крст, кој како да го чува Овче Поле сите овие векови.
Посетете го Свети Николе, центарот на големото Овче Поле.