Додека Градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко ќе се вози во нова лимузина „Ауди А6“ вредна 67.000 евра, првачињата во ОУ „Браќа Миладиновци“ во Струга ќе влезат во мувлосани училници – пишува порталот ““Република”
Општинaта на крајот од ноември лани покрај за градоначалникот, се подновила и со три други автомобили за кои вкупно платила 114.000 евра. Но, за Мерко аудито од речиси 70.000 евра не е луксузен автомобил, бидејќи обични граѓани возеле автомобили од над 100.000 евра – додаваат од “Република”.
Не се работи за луксузни возила, туку за возила кои се неминовна потреба на локалната самоуправа. не велите дека се луксузни кога обичните граѓани возат возила над 100 000 евра изјави тогаш Рамиз Мерко, градоначалник на Општина Струга.
Училиштето се наоѓа во центарот на Струга, а на социјалните мрежи се појавија фотографии од урнисаното училиште кое за неколку дена треба да ги прими првачињата.
Целата содржина погледнете ја ТУКА