Ангела Трајкоска, Тамара Цветкоска и Барбара Стојкоска заедно со своите тренери од боречкиот клуб “7 Мај“ остварија средба со градоначалникот на општина Прилеп Борче Јовчески.
Причина за посетата беа првенствата и медалите кои младите борачки од клубот „7 Мај“ ги освоија на натпреварите на Балканското и Медитеранското првенство, кое се одржа во Грција од 26 до 30 октомври.
Градоначалникот Јовчески посочи дека лично ќе се ангажира во развојот на спортот, во сите негови сегменти.