Градоначалникот Чонески обезбеди вредна донација – ова со сигурност ќе го подобри водоснабдувањето на градот

Општина Крушево доби значајна донација од компанијата ОКТА, која ќе придонесе за сигурно и непречено водоснабдување на граѓаните. Станува збор за донација на нов пумпен агрегат, со кој се зајакнува стабилноста и ефикасноста на водоснабдителниот систем во општината.

Новиот агрегат овозможува континуирано снабдување со чиста вода и значително го подобрува функционирањето на системот, што директно влијае врз квалитетот на секојдневниот живот на жителите на Крушево.

По повод донацијата, градоначалникот на Општина Крушево, Нико Чонески, оствари средба со главниот извршен директор на ОКТА, Димитриос Пасхос, на која беше потврдена долгогодишната посветеност на компанијата да биде одговорен и активен партнер на локалната самоуправа.

„Ваквите примери на општествена одговорност се од големо значење за локалниот развој и претставуваат вистински модел на успешна соработка меѓу приватниот сектор и општините“, истакна Чонески.

Од Општина Крушево изразија искрена благодарност до компанијата ОКТА за поддршката и довербата, нагласувајќи дека со заеднички напори се создаваат подобри услови за живот и се гради поодржлива иднина за градот и неговите граѓани.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.