Градоначалникот трета година по ред не ги прими коледарчињата

По повод Бадник денеска во Прилеп по 6-ти пат се одржа Бадниковата поворка. Дечињата носејќи ја макетата на пештерата во која се родил Исус Христос тргнаа од црквата „Свети Кирил и Методиј“ – Параклис и пеејќи ја песната „Вечниот Бог“ се прошетаа низ чаршијата и прилепскиите улици.

Како и изминатите две години и оваа, коледарчињата не ја посетија општина Прилеп и не добија подароци, нешто што беше традиција во изминатите години.

Прилепчани паметат дека 200 деца од Бадниковата поворка ниту ланската година не беа примени во општината со изговор дека “Традицијата треба да се култивира, а не да се примитивизира”.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.