Градоначалникот Марјан Ристески, денеска оствари средба со наргадените ученици на државни и меѓународни натпревари од ОУ „Климент Охридски“ и ОУ „Гоце Делчев“. На средбата градоначалникот Ристески им посака на учениците уште многу успеси во полето на образованието, порачувајќи притоа дека секој постигнат резултат е добра промоција на училиштата во кои се едуцираат, а воедно и на општина Прилеп. Градоначалникот Ристески ги покани присутните ученици на настанот „Палачинкијада“, на добра забава со „Нај 5-ка“ и присуство на ДЈ „Noise killers“ и „Станица 048“.
[Best_Wordpress_Gallery id=”276″ gal_title=”SredbaMarjanUcenici”]