Повеќе граѓани, почитувачи на традицијата, денеска го посетија параклисот на „Св. Никола“ во населбата Жабино Маало по повод празникот Св. Никола. Градоначалникот Ристески на овој собир, го честита празникот:
„На сите православни верници им упатувам искрени честитки по повод празникот „Св. Никола“, посакувам мигови на разбирање, љубов, надеж и бериќет во секој дом. Господ да не поведе во радоста на празникот и во љубовта кон верата, посочи градоначалникот Ристески во својата изјава.
Нека е за многу години големиот празник !
Градоначалникот Ристески по повод празникот беше присутен и на Светата Божествена литургија во храмот „Св.Благовештение“.
[Best_Wordpress_Gallery id=”98″ gal_title=”Sv.Nikola 2015″]