Градоначалникот не кажа против кого се бopeл прилепскиот одред “Гоце Делчев” во 1941. година?

Владата задоволна- граѓаните разочарани. Градоначалникот на Прилеп, придржувајќи се на одредбите на Договорот со Бугарија не кажа против кого се борел прилепскиот одред “Гоце Делчев” во 1941 година.

Статусот од неговата “фан-страна” на Фејсбук ви го пренесуваме во целост:

“Почитувани граѓани на херојски Прилеп,

Со екот на првите востанички пушки во предвечерието на 11 октомври 1941 година, нашите храбри и пожртвувани бopци испишаа уште една светла страница од македонската историја, а денес секој граѓанин на Прилеп со право се гордее на епитетот Град Херој – првобopец.

Денот на народното востание, 11.Октомври, е олицетворение на вековниот идеал на нашите предци за самостојна и слободна македонска држава, ден кога го славиме стремежот за слобода и правда на сите граѓани на нашата земја.
Жртвата на илјадниците знајни и незнајни борци со која беше исполнет патот до остварувањето на конечната слобода, останува вечен потсетник за сегашните и идните генерации дека мора да си ја сакаме државата и да градиме просперитетна и подобра иднина за новите генерации.

Денес, како земја членка на НАТО која одлучно чекори и на патот кон полноправно членство во ЕУ, продолжуваме да обезбедуваме сигурност, стабилност, просперитет и европски стандард за идните поколенија.

Нека е вечен споменот на хероите! Честит 11 Октомври, секогаш слободни!




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.