Градоначалникот на Куманово од редовите на СДСМ, Максим Димитриевски, на неговата Фејсбук страница жестоко реагираше да одлуката на владата операциите за промена на пол да се прават на државна сметка. Димитриевски вели дека ваквата одлука ги надминала сите граници.
“Прави со сопствениот живот што сакаш, сакај и менувај пол, лична одлука, но не на државна а уште помалку на моја сметка! Да се разбереме, не сум против лични слободи и права, маргинализирани групи и.т.н. ги почитувам и уважувам сите, но ова е веќе навредливо. Во представничката демократија законот е воља на мнозинството (ГРАЃАНИ), не лична желба на поединци!”, напиша Димитриевски на Фејсбук.