На социјалните мрежи како се појави фотографија од прилепскиот градоначалник Илија Јованоски на трибините во салата во Минхен, каде Македонија денеска го одигра првиот дуел од Светското превенство во ракомет против Јапонија.
Градот деновиве маки мачи со снежните наноси, недостатокот на вода за пиење, а градоначалникот ужива во благодетите од функцијата и си следи натпревари во ракомет?!
Твитерџиите веднаш распалија по Јованоски и забележаа дека носи спортска опрема на фудбалската репрезентација.
Градоначалникот на Прилеп отишол на ракомет да навива за Македонија,облечен во јакна од Фудбалската селекција,и го менува името на држќавата во Северна.Еее Прилепчани бе??На кое ниво паднавте. pic.twitter.com/HdFiaKPFYR
— Командант Марк (@Koljo12) January 11, 2019