На Ѓурѓовден, весело разиграно, во природа, со семјството, во добро друштво и скара – така беше на дабнички завој, каде жителите од Ромската населба Tризла, по националност Роми, го прославија празник Ѓурѓовден, кој во својот календар го имаат како свој празник, како ден на обновување на природата и разбудувањето на вегетацијата од зимскиот период. Тоа е наша традиција останат низ векови и генерации велат Ромите, кои уживаа на овој ден со скара и пијалак, со музика и дружба.
Нивната веселба ја збогати и присуството на градоначалникот, Марјан Ристески кој лично ги посети Ромите на Дабничи завој и им го честита празникот. Тој притоа го потенцира соживотот и заедништвото кои се одржува во Прилеп со векови, без разлика на вера и националност.
“Почита меѓу луѓето е најважниот елемент за заедништво и соживот“- истакна градоначалникот.
Празникот Ѓурѓовден останува вековна традиција на Ромите.