Градинките се отвараат на почетокот од јуни: Еве кога ќе се отворат границите

Кон почетокот на јуни ќе почнат со работа градинките, а очекувањата се границите да се отворат кон средината на јуни. Оние лица пак, кои со xyманитарни летови влегуваат во државата, треба да приложат ПЦР тест за кopoнавиpycoт и наместо во задолжителен државен кapaнтин, ќе се упатат во задолжителна домашна самоизолација.

Токму средината на јуни, според министерот за здравство, Венко Филипче е најразумен период кога би требало да се отворат границите, апелирајќи дека луѓето можат да одат каде било доколку ги почитуваат мерките.

– Средина на јуни се очекува отворање на границите. Оваа недела би требало да заврши скринингот и веќе од онаа следна недела градинките ќе почнат со работа, значи отприлика на почетокот на јуни, рече Филипче.

За оние лица кои се враќаат од странство со хуманитарни летови или конвои, воведени се нови промени.

-Наместо задолжителен државен кapaнтин, задолжителна домашна изолација се определува и за странци за кои Главниот координативен кризен штаб одлучува во случаи на постоење на државен или економски интерес, и кои ќе приложат соодветна медицинска потврда со негативен резултат од ПЦР тест, со задолжително придржување до протоколите од Комисијата за зapaзни болести при Министерството за здравство, соопшти во текот на вчерашниот ден Владата.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.