Фото/printscreen
Подрачното училиште на ОУ “Рампо Левката” кое се изгради во прилепската населба “Сточен пазар” требаше да ја олесни пристапноста до примарното образование на учениците од населбите “Сточен пазар” и “Жабино маало”, чии што домови се оддалечени над 2 километри од најблиското училиште.
Иако објектот е целосно завршен и истиот требаше да биде пуштен за патрониот празник на Прилеп, Св. Никола и да го носи името на светецот, новата локална самоуправа предводена од градоначалникот Илија Јованоски не дозволува истиот да биде пуште во употреба.
Од самото доаѓање на власт и денеска речиси една година подоцна, прилепчани и родителите на децата од овие населби ги слушаат истите обвинувања.
“Објектот немал канализација, струја, бил покрај река, немал пристапна патека…..”.
Oна што е факт е дека за овој објект беа инвестирани околу 12 милиони денари и доколку локалните власти се заангажираа барем она што е готово да го доуредат, веќе од утре трети септември, кога започнува школската година, таму веќе ќе се посетуваше настава.
“Локалната самоуправа и градоначалникот засега алибито го бараат во своето неработење, нашите деца одново ќе патуваат до најблиските училишта, а тоа со сигурност ќе им го отежнува секојдневието и учењето”, вели жител на населбата “Сточен пазар”.
Претходната локална самоуправа предводена од градоначалникот Марјан Ристески во 12 години инвестираше над 12 милиони евра во прилепското образование.
Инвестициите кои без исклучок ги имаше во сите училишта, придонесоа да значително подобрување на условите за настава и работа.
За илустрација погледнете ги овие фотографии од ПРЕД и ПОТОА: