Камен тежок 18.5 килограми бил главно средство за дисциплинирање на непослушните војници во кампот на Жељко Ражнатовиќ Аркан во Ердут, за време на војната во Хрватска. Секој припадник на „Тигрите“ на Аркан, кој одбил да изврши наредба или не го почитувал авторитетот, бил казнуван така што морал да трча во кругот на касарната носејќи го каменот во раце
Поради тоа и каменот е именуван како „Господин Дисциплина“. Фотографијата од овој камен е објавена на ФБ страницата „Легенди на деведесетите“, а според информациите на администраторот на оваа страница, каменот сега се наоѓа во станот на еден од „Тигрите“ на Аркан.