ГОРДОСТ НА ПРИЛЕП! Гимназијалците Петар и Марио ни носат два медали од 56-та Светска Олимпијада по хемија во Ријад (ФОТО)

Одлични вести за Прилеп пристигнуваат од светската олимпијада по хемија, од каде нашите ученици се враќаат со два освоени медали.

56-то издание на овој светски натпревар по знаење се одржува од 21-30 јули во Ријад, Саудиска Арабија, а таму беа и ученицитe: Петар Мирчески од Гимназијата “Мирче Ацев” Прилеп и Марио Ванчоски од штипската гимназија “Славчо Стојменски”.

Притоа Петар освои средбрен, а Марио ни носи бронзен медал. Еден огромен успех за македонското образование воопшто, успех на кој треба да сме горди сите и да им честитаме на овие вредни дечки.

Повеќе информации за покажаното знаење на нашите ученици во наредните денови.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.