Гордите мариовци нема да ги надитрат политичарите со евтини финти за 5 минути изјава пред камера?

-На потегот од с.Крушејца до с.Штавица се врши рехабилитација на патот во должина од над 7 км, за што Владата издвои околу 40 милиони денари, вака зборуваше градоначалникот Јованоски пред само една недела.

На овој “свечен настан” присуствуваше и министерот Сугарески кој истакна дека градежните работи се во полн ек и дека се очекува согласно динамиката, сите планирани активности успешно да бидат завршени до крајот на градежната сезона.

Се надеваме дека ова не беше само шоу пред медиумите, бидејќи во моментов од механизацијата која треба да работи има само еден стар валјак. Од информациите кои ги добиваме од луѓето што секојдневно возат по овој пат, асфалт има турено на неколку места и тоа во должина од 300 до 400 метри.

– Се работи за исклучително важен пат за Мариовскиот дел. Согласно динамиката која што ја договаравме со претставниците на ‘Македонија пат’, очекуваме дека ќе има забрзување на работата и дека во извесен временски период, во целост ќе бидат завршени планираните активности, рече Сугарески.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.