Maкедонскиот репрезентативец по потекло од Прилеп, Езѓан Алиоски, сезонава блеска во дресот на Лидс.
По пет одиграни кола, Алиоски има постигнато 2 погодоци и има забележано 2 асистенции.
Токму неговиот втор погодок изминатиот викенд во дуелот против Норвич, му донесе на Лидс водство од 0:2, а погодокот подоцна е прогласен за гол на колото.
Десет додавања низ целиот терен направија конфузија кај противничкиот тим, на крајот топката дојде до нашиот репрезентативец, а тој во стил на голем голгетер ја смести во противничката мрежа.
Лидс победи со 0:3 на овој меч и го задржа првото место на табелата.
1️⃣0️⃣ passes
1️⃣9️⃣ touches
1️⃣ @LUFC Goal of the Weekend thanks to a Ezgjan Alioski finish. ? pic.twitter.com/EVeU7En50g
— Sky Bet Championship (@SkyBetChamp) August 27, 2018