Погодокот на 22-годишниот Лозано за Мексико против Германија, предизвика мал земјотрес во мексиканската престолнина.
Погодокот од 35-минута кој се покажа како клучен за натпреварот и донесе голема победа за Мексико против светскиот шампион, предизвикал бурна еуфорија во Мексико Сити, а тоа било причина сеизмолошките опсерватории да забележат мал земјотрес на нивните мерила.
Навивачите ширум метрополата скокале наскаде, но за среќа не предизвикале поголем потрес кој би можел да предизвика штети.
#MEX fans jumping after Chucky Lozano's goal caused an earthquake in Mexico City! #GERMEX #WorldCup pic.twitter.com/vfauKMyrc6
— COPA90 US (@COPA90US) June 17, 2018
El #sismo detectado en la Ciudad de México se originó de manera artificial. Posiblemente por saltos masivos durante el Gol de la selección de #México en el mundial. Por lo menos dos sensores dentro de la Ciudad lo detectaron a las 11:32. pic.twitter.com/mACKesab3b
— SIMMSA (@SIMMSAmex) June 17, 2018
Инаку победата во првото коло од Светското првенство во Русија е прогласена за едно од најголемите достигнувања на мексиканскиот фудбал во историјата.
Мексико е првата репрезентација која ја победила Германија во првото коло, после Светското првенство во Алжир далечната 1982 година.