Aрхеолозите го истражуваат малиот остров во Егејското море каде како што сметаат, се наоѓа една од најстарите градби која потекнува од антиката.
Островот Керос бил една од најимпресивните локации на Егејското море во периодот од 3000 до 2000 година пред новата ера, уште пред грчката цивилизација.
Тука се наоѓа структура во облик на пирамида, а изградена е од мермер донесен од околните егејски острови. Се смета дека градбата е стара околу 4.500 години.
“Тука се одвивала најголемата праисториска транспортна операција. Се покажува колку на народите во бронзеното доба им била важна поморската врска”, рекла Џулијан Вајтврајт, научник која работи на проектот.
Голем дел од товарот со мермер пристигнувал од островите Наксос, а според некои процени, се смета дека потребни биле околу 3.500 пловидби.
За изградената структура искористени се 10.000 тони мермер, а ширум островот се пронајдени и ножеви, разни алатки и скулптури.