Големите луѓе знаат да почитуваат хиерархија: Ректорот Миленковски потсетува на едно златно време, кога се знаело што е почит и разбирање (Видео)

Ректорот на Универзитетот “Скопје”, Aце Миленковски, за Македонската Радио Телевизија зборуваше на повеќе теми, меѓу кои и за хиерархијата и почитта на младите кон постарите во минатото.

„Во седумдесетите години, се живееше поинаку од денес. На улицата Пушкинова на која растев, сите бевме исти без оглед на тоа што работеа нашите родители, но од нив научивме дека е важно да се почитува хиерархијата!”, истакна Миленковски.

Во ова материјалистичко општество во кое живееме денес и време кога социјалниот јаз помеѓу луѓето е се’ поголем, убаво е да се слушне нешто вакво.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.