Големиот Марио! Беше ставен во трет план, но неговата последна порака до Јувентус е полна со емоции

Марио Манџукиќ по четири години го напушта Јувентус потпишувајќи договор со катарскиот Ал-Духаил.

Хрватскиот напаѓач заминува откако оваа сезона не запиша ниту еден настап за клубот од Торино. Со доаѓањето на новиот тренер Маурицио Сари падна во втор план, па едноставно беше избришан од Јувентус. Сето тоа наиде на жестоки реакции од целокупната фудбалска јавност во Италија. Јувентус наиде и на сериозни напади од медиуми поради срамниот и понижувачки однос кон Манџукиќ.

Сепак, и покрај, тоа Марио Манџукиќ му одржа вистинска лекција со само една реченица на, сега веќе, својот поранешен клуб. Од целото негово обраќање до јавност се издвојува една реченица…

„Голема благодарност на Алегри и Мароти кои ме донесоа во Торино – беше за мене вистинска привилегија да играм за Јувентус, а изминатите неколку месеци нема да ја променат мојата почит и љубов кои ги чувствувам за клубот“ – силно одекнуваат овие зборови на Хрватот, кој испрати убава порака до клубот.

Како што е познато, Јувентус во тие изминати месеци се трудеше со сите сили да го отстрани 33-годишниот напаѓач, до степен на Марио, и покрај првичната желба да се бори за место во првиот тим, да му се смачи животот на северот од Италија.




Markukule.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.